Старец Порфириј: Најдобрата мисија е со добриот пример
Фанатизмот нема врска со Христос. Биди вистински христијанин и тогаш никого нема погрешно да го сфаќаш, туку „твојата љубов сè ќе покрива”. И кон иноверниот однесувај се како христијанин. Почитувај го на благороден начин независно од неговата вероисповед. Можеш да му се најдеш на некој муслиман кога има потреба, да зборуваш со него и да се дружиш со него.