Чудата на Пресвета Богородица (I дел)
Со Божја помош, стигнале до она место каде што беше ја оставил својата мртва жена со живото дете. Кога дошле до пештерата, го нашле детето како цица од мртвата мајка, која била цела и нераспадната. Многу се зачудил и со солзи се обратил кон Бога: „Боже! Ти се можеш. Голем е овој дар што Си го хранел детето со млеко од мртва мајка; верувам дека можеш и мртвата да ја воскреснеш, па да ми бидат две радости, а да се исполни и она што Твојот апостол Петар ми претскажа. Многумилостив Господе, чуј го Твојот недостоен слуга, Твојата пречиста Мајка и Твојата слугинка Марија што ме






Многу од неверните жители на Ерусалим кога го слушнале необичното пеење и гледајќи ја торжествената поворка, побрзале да ги известат за тоа првосвештениците и старешините; сите тие пламнале од гнев и завист кога виделе какви почести и се даваат на Мајката на распнатиот од нив Исус. Јудејските началници, веднаш собрале војска и го поучиле народот да ги нападнат христијаните со оружје, сите да ги разгонат, апостолите да ги убијат, а телото на Богородица да го запалат;
Апостолите, удостоени да го видат славното искачување на небото на Пресвета Богородица, стоеле во трепет и гледале кон небото, како што некогаш го гледале Господовото вознесување на небото, заборавајќи на сè земно и на самите себе. Доаѓајќи на себе од глетката, тие со благоговение го гледале Нејзиното пречисто тело и виделе, дека Нејзиното лице светело со небесна светлина, и почувствувале, дека од Нејзиното Пречисто тело излегува прекрасно благоухание. Апостолите воскликнале кон Неа со умиление: „Се насели во небесните одаи кај Синот Твој, Ти Која секогаш си подготвена да го спасиш Богородице Твоето наследство!“
Денешната петта јубилејна Литургија на врвот на Голем Крчин (2341 м.), по Божја промисла соединета со илјадагодишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител, одново привлече голем број народ, кои соединети во една мисла, срце и ум, верно стоеја пред возвишениот крст, барајќи благослов од Бога за нив и за нивните ближни. Во чест на овој голем Јубилеј, повеќе од 1000 верници – планинари, алпинисти, спортисти…, вклучително и неколку од Србија кои
Во спротивно, тој секогаш ќе нѐ држи закотвени долу. Егоизмот е исполнување на страстите. Тие го прават човека егоист. Човек кој постојано се оддава на страстите, обидувајќи се да ги задоволи, не мисли на никого, не води грижа дури ни за најблиските. Мислејќи дека е среќен и задоволен, таквиот во стварност си го гради својот пекол и крајната несреќа.
Нашиот крст ќе стане наше Воскресение само тогаш кога ќе го прифатиме и кога смирението ќе влезе во нашето срце,смирение кое ќе ни донесе покајание. И тоа повторно ќе ни ја донесе радоста во нашиот живот наместо “смртта” што ја чувствуваме постојано.
Болката е онаа душевна сила која Бог ја всадил во нас за да нè поттикнува да правиме добро, и да ја преточиме во љубов, радост и молитва. Наместо тоа, демонот успева да ја одземе оваа сила од “батеријата“ на нашата душа и да ја искористи за зло - ја претвора во депресија и нè води во летаргија и очај. Го мачи човекот, го прави негов заробеник и го прави ментално болен.
Дојдете, верни, во Духот Божествен радувајќи се, со песни почит да ѝ оддадеме на онаа Која е радост и утеха за сите народи.
Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово на 19. август 2020. г. кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија се спомнува на Преображението на Нашиот Господ и Спасител Исус Христос на гората Тавор; отец Фотиј одслужи Света Божествена Литургија. Верниците се причестија со Светите Христови Тајни.
Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите Отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела? Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближните не доаѓа во нашата душа преку друг пат, туку само благодарение на молитвата! Ви велам: ако некого си налутил или некој тебе те налутил,
Христовите зборови „Јас сум вратата“ имаат две значења. Едното значење, онтолошкото или суштинското или битијното, е дека треба најпрво да се соединиме со Бог, односно да се крстиме и облечеме во Христос, да учествуваме во смртта и воскресението Христово, да го примиме дарот на Светиот Дух, да се причестиме со Телото и Крвта Христови, да станеме Тело Христово, да станеме нова твар.
Не, не е прекратка Господовата рака за да спасува, ниту увото Му е глуво за да не чуе, туку вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог.
Неспорен е фактот дека ликот Христов - онаков каков што ни го дава Евангелието - пред се е лик на смирението. За Неговото раѓање не се нашло место во ниту еден град, ни куќа: Он се родил во пештера. Христос, до самиот крај останал таков: бездомник Кој - како што и Самиот говорел - „нема каде глава да засолни".
Потоа посегнал да ја фрли во оган и иконата од Архангелот, но помислата му велела да не го прави тоа. Долго време се борел со помислата, чудејќи се што да прави. Ќе ја подадел раката да ја фрли во огнот, но потоа ја тргал. Најпосле, нашол еден клинец и ја наместил над вратата. Вечерта застанал на молитва. Додека го извршувал своето бдение, слушнал чекори и звук на кадилница. „Што се случува?“- се прашувал тој. Ја отворил вратата и внатре влегол Архангелот со кадилница, го покадил и си тргнал.


























