св. Јован Кронштадски: Христијанинот е подготвен да претрпи сѐ ...(20.01.2016)
Давајте, и ќе ви се даде. Зашто со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери. Овие Господови зборови постојано се исполнуваат на мене. Според можноста, давам сѐ што поседувам и што добивам од другите, според Божјата промисла, сѐ во изобилие. Каква ли само поплава од различни добра без мера и крај. Оче, Ти благодарам за Твојата штедрост и за сета утеха.