Архимандрит Андреј Конанос - Песната на Ангелите
Бог нѐ сакаше, нас, Неговите ластовици, кои умиравме од студ – студот на самотијата, меланхолијата, гревот, болката, порокот, егоизмот. Егзистенцијален студ. А Бог нѐ гледаше и велеше: Ластовички мои, елате да се стоплите, има топли места, сакам да ве спасам, сакам да ви ја покажам Мојата голема љубов. Тој ни зборува уште од рајот, од каде што паднавме, а ние не Го разбиравме.