Сострадание и снисходење кон оние кои згрешиле
Во некое општожитие живеел отшелник, по име Тимотеј. Настојателот на општожитието, откако дознал дека еден од браќата паднал во некој грев, побарал совет од Тимотеј, што да прави со братот кој згрешил. Отшелникот го посоветувал да го избркаат од манастирот. Кога го избркале братот, неговото искушение преминало кај Тимотеј и тој бил доведен во опасна состојба.