Епископ Велички Гаврил Светогорец: Чудата на Пресвета Богородица (XVIII дел)
Затоа, браќа, треба да ги слушаме родителите кога не учат за Бога и не поучуваат во законот Божји, зашто само оние што ги поучуваат своите деца се вистински родители. А тие што не ги поучуваат во Божјиот закон не се родители, но губители и убијци на своите чеда. Таквите подобро да не станеле родители, како што вели и Господ Исус Христос: „Тешко и горко на оние што грешат пред своите чеда!" Родителите се должни да ги учат своите деца на Божји закон за тие да стојат в црква до отпуст затоа што само тогаш ќе имаат духовна корист и ќе добијат спасение за своите души.