С. Серафим Роуз, во една прилика рекол: „Зошто луѓето се учат преку болката и страдањето, а не преку удобноста и среќата? Многу едноставно, затоа што преку удобноста и среќата, човекот се навикнува да се задоволува со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го тераат човекот да трага по најдлабоката среќа, која го надминува овој свет“.
Архимандрит Андреј Конанос: За секој проблем има решение – V дел
Богоозарените луѓе биле урамнотежени и не оделе во крајности. Тие не велеле: „Остави ги лекарствата, оди само кај Бога!“, бидејќи и лековите Бог ги дал. Второ. Детето ми забегало. Какво решение да најдам? Викотници, караници? Обично, нашите решенија се панични. Решението донесено во тој миг, е во состојба на тревога и стрес. Резултатот покажува дека кога си под стрес, правиш сѐ погрешно. А Светиите кои биле попросветлени, не правеле