Што е тоа „полуинтелектуалец“?
Земајќи го во неговиот најпотполн и најизразен вид, полуинтелектуалецот е човек кој уредно, па можеби дури и со многу добар успех завршил школо, но во поглед на културното образование и моралното воспитување не стекнал речиси ништо. Дали заради неговата вродена неспособност, или заради маните на школскиот систем, тој не добил поттик за духовно саморазвивање.