Слободата што Бог ни ја подарил е Неговиот најголем дар. Но, заедно со слободата доаѓа и одговорноста. Слободата не означува разврат, непромисленост (јас правам што сакам, кога сакам и како што сакам), но најмногу означува одговорност. Како што вели светиот апостол Павле: „ Сè ми е дозволено, но не е сè полезно; сè ми е дозволено, но ништо не сакам да надвладее над мене “.
А што е со социјалните мрежи, каде што се черечи секој што има спротивно мислење од мнозинството?
Тие се најтврд пример за ексклузија: жигосување како во комунистички гулаг, само електронски.
Така што, кај нас, на теренот владее ЕКСКЛУЗИЈА, а на хартија ИНКЛУЗИЈА, колку и да не сакаме да признаеме.
Средбата на Доенчето Христос со старецот Симеон и пророчицата Ана (Лк. 2, 22-36), е главен настан на овој празник. На Симеон му било претскажано од Светиот Дух, дека тој нема да ја види смртта, додека не го види Господа Христа, и инспириран со Духот тој дошол во Храмот, каде што го сретнал новородениот Месија, Го зел в раце и ги произнесол зборовите кои до ден денес ние ги пееме во крајот на секоја Вечерна:
Второ. Молитвата не е емоција, т.е. го палам кандилото, ја гасам сијалицата, наведнувам главата, предизвикувам тажен поглед и започнувам да си ја насладувам душата со мислата за Бога. Не, возљубени браќа! Таа е нешто многу различно, многу поразлично од тоа. Молитвата не е ни умозрение, т.е. да седнам, да си го напрегнам умот, да се сосредоточам, па да се обидам да си Го претставам Бога – дали ме чува, да ги соберам своите барања и потреби и да направам зделка со Него.
Колкумина се навистина подготвени да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава; и колкумина се подготвени да изгледаат бедно или да служат за потсмев заради Господ Христос, и заради можната средба со Него?
Началникот на митарите, Закхеј, токму тоа го направил и токму на тоа се надевал трчајќи напред и качувајќи се на смоквата. Тоа е тој однос на дете.
Големите дарови секогаш се проследени со големи испитанија, пред и после нивното примање. Тоа е така бидејќи добриот Бог го познава нашиот болен нарцисизам, нашата склоност да узурпираме сѐ за наша полза. Затоа, заедно со дарот и харизмата, го допушта и испитанието. На тој начин нѐ држи во смирение, за да не се возгордее нашиот ум и нѐ потсетува дека харизмата е дар а не индивидуално достигнување.
Православниот пат има поинаква перспектива. Бог е личност и нашиот однос е личен, директен и онтолошки. Не се спомнуваме за Него само еден ден во неделата со одредени молитви. Тој е мојот живот. Тој е мојот придружник. Тој е мојот татко. Откако прими плот, Тој ме разбира и јас зборувам со Него. Тој поставува пред мене царска трпеза и ме кани, мене бедниот, за да се принесе себеси.
Секој ден го храниме нашето тело дишејќи воздух, за да живее. На душата пак, и е потребен Господ и благодатта на Светиот Дух, без којашто таа е мртва. Како што сонцето ги огрева и ги разлистува полските цвеќиња, очекувајќи ги неговите зраци, така душата што Го љуби Бога, копнее по Него. Таа се ублажува во Него, и исполнувајќи се со радосност сака сите луѓе така да се чувствуваат. Господ заради тоа не создаде, за со Него вечно да живееме на небесата, љубејќи.
Приказните се една голема ризница и нѐ водат до големи вистини. Тоа го разбрав, кога за прв пат се поклонив на Иконата "Утешение" на Света Гора. До тој момент имав чувство, дека бајката е нешто лажно (παραμύθι), имагинарно, мит. Но, осознав дека од мит, може да стане утеха (παραμυθία). Приказната воспитува на така љубовен и топол начин, што во крајна линија станува
Јас чеда ќе заминам од овој живот. Познато ви е дека својот живот го поминав непорочно (без лукавство). И како од сите бев возљубен. И не заради високиот ми чин (достоинство, звание), туку поради добриот карактер. Никого не укорив, ниту некого навредив, ниту некого наклеветив, ниту некому му завидував.
Гордиот разум не може да се потпре на довербата во Бог, на смирението и на послушанието кон духовниот отец, т.е. не сака да расте, зрее и осознава во Бог и преку Бог, туку самиот од себе и преку себе, и затоа му се потребни нови и многу информации, како и знаења, на коишто единствено се потпира.
Христијаните живеат на земјата, но над сe è земно; меѓу луѓето, но над сè човечко; ограничени, но слободни; притеснети, но од ништо поробени; во светот немаат ништо, но сите богатсва се нивни; живеат двоен живот – едниот презирачки, а другиот грижлив; преку смртта се бесмртни; со откажување од нештата се соединети со Бога;