Со предавањето „Ракописното книжевно наследство на Слепченскиот Манастир“ започна циклусот предавања во Манастирскиот комплекс
Денеска во Манастирот „Свети Јован Претеча“ во село Слепче се одржа предавање на тема „Ракописното книжевно наследство на Слепченскиот Манастир“. Циклусот на предавања продолжува секоја наредна недела во Манастирскиот комплекс, а следната тема за излагање на овие предавања ќе биде од областа на Иконата и нејзиниот пат. Денеска од страна на отец Серафим беше направен и мал вовед кон темите на сите следни предавања.