„Тоа е пост...“ (28.11.2022)
"Го прашав старец Гаврило како да постам, не насетував тогаш што ќе ми каже. Кога го прашав тој ме погледна, молчеше некое време, а потоа ме одведе на страна за никој да не слушне. Ми го раскажа сиот мој живот, сите мои гревови што ги направив уште од детството, како да беше покрај мене.