логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Свети Јован Касијан Римјанин





7.   Борба со секаков вид страдања и напади (Разг. 6)


183.  Како да ги придобиеме и да ги запазиме трпеливоста и добродушноста? – Вистинската трпеливост и добродушност не можеме да ја придобиеме, ниту да ја запазиме без смирување на срцето. Кога трпеливоста ќе излегува од тој извор, тогаш нема да ни биде потребно – за одбегнувањето на казните од непријатностите – да се затвориме во нашите ќелии, ниту да се криеме во пустините.

Утврдувајќи се во длабочината на душата врз добродетелта на смиреноста, која нѐ родила и отхранила, таа веќе нема потреба од надворешни помошни средства. Затоа, ако се растревожиме поради некоја непријатност веќе тоа е јасен доказ дека во нас уште не се утврдени основите на смиреноста, и дека нашата внатрешна зграда може да биде разурната од секој најмал потрес. Трпеливоста не е достојна за пофалба тогаш, кога не сме потресени од стрелите на непријателот; таа е достојна за пофалба само тогаш, кога останува непоколеблива за време на бурата на демонските искушенија. И она со што таа бива изострувана и засилувана, со тоа се притапува. И никому не е непознато дека трпеливоста го добила своето име од трпеливото поднесување на маките и страданијата, па затоа за никого не може да се рече дека е трпелив, ако не е во состојба трпеливо да ги поднесува незгодите, маките и страдањата. Па затоа трпеливиот човек со право го пофалува премудриот Соломон, велејќи: „Долготрпеливиот е подобар од храбриот, и кој владее со себеси, подобар е и од завојувачот на градови; кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости“ (Изрек. 16, 32; 14, 29). Затоа, кога некој трпи некоја мака и се разгорува со гнев, тогаш не треба да ги сметаме маките и навредите како причина за неговиот гнев, туку само како повод за откривање на болеста на гневот што била и пред тоа во него, според параболата на Спасителот за двата дома: едниот од нив бил изграден на карпа, а другиот на песок. Со еднаква сила на бура од дожд и од ветер биле нападнати двата дома. Домот што бил изграден на карпа не претрпел никаква штета од тој силен удар, а оној што бил изграден на подвижен песок веднаш се разурнал до темел, очигледно не затоа што бил подложен на тој силен удар на ветровите и брановите, туку затоа што бил неразумно изграден врз песок. Исто така, и светиот човек не се разликува од грешникот по тоа, што тој не бива искушуван со толку големо искушение, туку затоа што него не го победуваат ни големите искушенија, а грешникот паѓа и од сосема малите искушенија. А и храброста на праведникот не била достојна, како што рековме, за никаква пофалба, кога би бил победник без да биде искушуван, тогаш пак, не би ни можело да се говори за победа – кога не би имало непријателски напади, како што вели свети апостол Јаков: „Блажен е оној човек, кој поднесува искушение, бидејќи, откако ќе биде испитан, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние, кои Го сакаат“ (Јак. 1, 12). И според светиот апостол Павле, силата Божја, не е во спокојот и во успесите, туку се покажува во слабоста“ (2. Кор. 12, 9). Така му говорел Господ и на Јеремија, велејќи: „И ете, Јас те поствив денес како утврден град, како железен столб и како бакарен ѕид против сите цареви јудини и кнезовите на целата таа земја, против свештениците негови и против народот на таа земја. Тие ќе војуваат против тебе, но нема да те победат; зашто Јас сум со тебе, за да те избавувам“ – вели Господ“ (Јерем. 1, 18-19). (Разг. 18, 3).



184.  За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала сѐ посилна и потрпелива – не паѓала под ударот на силните искушенија. Таа жена живеела во Александрија, а потекнувала од познат род и во домот, што ѝ бил оставен од нејзините родители, побожно Му служела на Бога. Еднаш отишла кај александрискиот архиепископ Атанасиј и го замолила да ѝ даде една од вдовиците, за кои се грижи Црквата, за да се грижи за неа и да ѝ служи. Архиепископот ја одобрил намерата на таа жена, нејзината желба да покаже милосрдност кон една од сиромашните сестри, и ја повикал да дојде и сама да си одбере една од нив, која би била почесна и поблагородна од другите, за да не ѝ биде тежок товар и да не ѝ ја ослабне верата. Таа што ја зела и што ја довела во својот дом, била толку скромна и мирна, така што секој час и благодарела за добрината што ѝ ја прави. По неколку дена благородната жена пак отишла кај архиепископот и му рекла: „Јас барав да ми дадеш таква жена, на која би можела јас да ѝ служам со полна послушност. Архиепископот прво не ја разбрал што сакала да му каже, па ги прашал веднаш своите луѓе зошто уште не била извршена неговата наредба и не ѝ била дадена една од вдовиците на таа угледна жена. Тие му рекле дека неговата заповед е извршена и дека на таа жена ѝ е дадена една од најблагородните вдовици. Тогаш тој сфатил што барала таа мудра жена и наредил да ѝ ја дадат најлошата меѓу нив, која ги надминувала сите со својата гневливост, бујност, зборливост и суета. Кога ја одвела во нејзиниот дом, таа ѝ служела така, како што ѝ служела на онаа пред неа, а место благодарност, таа ја навредувала со најлоши зборови и ја прекорувала со ранливи подбивања, говорејќи дека ја зела во својот дом за да ја измачува. Понекогаш нејзината грубост ги преминувала сите граници, така што почнала и да ја тепа добротворката, а таа го удвојувала своето смирение и се трудела да ја скротува со својата трпеливост.Гледајќи колку е сето тоа корисно за неа утврдувајќи се повеќе во трпеливоста, во толку саканата добродетел, таа отишла кај архиепископот за да му заблагодари што ѝ ја дал токму неа, што направил толку мудар избор, бидејќи ѝ помогнала во тоа што толку многу го сакала, дека ѝ станала одлична учителка во добродетелта на трпеливоста, напомнувајќи дека првата била сосема кротка и таа повеќе ѝ угодувала и служела, отколку што можела тоа да ѝ го прави нејзе, а втората дека вистински ја укрепила во трпеливоста. Мислам дека е ова сосема доста што го рековме за жените, зашто со овој пример многу можеме да се научиме и ние монасите. Ние навистина треба да се посрамиме, зашто, ако не се затвораме во нашата ќелија не можеме да ја запазуваме нашата трпеливост.



185.  Сега ќе го дадеме другиот пример за трпеливоста – примерот на авва Пафнутиј, кој живеел во потполна осаменост во Тиваидската пустина, во која тој сега е свештеник. Тој сјаел со голема благодатна светост додека бил уште млад монах, така што и најголемите монаси од тоа време се вчудоневидувале на неговата светост; тие го споредувале со духовните старци, иако бил сосема млад, и го примиле како еден од нив. Кога се дознало за ова,тогаш зависта, која некогаш ги поттикнала браќата против Јосифа, го распалила со отровен оган еден од скитските браќа, кој наумил со нешто да ја посрами и да ја намали неговата духовна убавина, и да го извалка со некое срамно петно. За да ја спроведе својата намера во дело, тој барал погодно време. Кога еден неделен ден Пафнутиј отишол во Божјиот храм, тој влегол во неговата ќелија и таму, меѓу прачките со кои монасите ги плетеле своите кошници, затрупал една од своите книги. Потоа задоволен од својата итрина, и тој отишол во храмот Божји. По завршувањето на богослужбата, тој пред сите браќа и пред свети Исидор, кој тогаш бил свештеник, рекол дека некој му ја украл книгата. Ова ги вџашило и збунило сите монаси, а особено нивниот свештеник, така што не знаеле што да помислат и што да направат, зашто биле збунети со таквиот и нечуен престап меѓу тамошните монаси. Тогаш, оној што го подигнал ова обвинение побарал сите монаси да бидат задржани во храмот, а само неколкумина да појдат и да ги претресат сите ќелии. И тројцата монаси, кои ги одредил свештеникот, претресувајќи ги монашките ќелии, дошле во ќелијата на Пафнутиј, ја нашле таа книга во палмовите гранки, така како што ја скрил неговиот противник, ја зеле книгата и ја однеле пред сите собрани монаси. Пафнутиј, иако бил потполно уверен во својата невиност, но како да е виновен за кражба, се предал на судот на старците, изјавувајќи дека е готов да прифати секаква пресуда, молејќи ги да му дадат можност да се покае. Ништо не кажал за свое оправдување, плашејќи се, поради својата скромност, дека можат да го осудат и за лага, зашто никој не се сомневал дека тој не е крадецот на книгата. Откако била донесена пресудата, тој излегол од Божјиот дом без да падне со духот и препуштајќи Му се на судот на Самиот Бог, почнал да го минува своето покајание, удвојувајќи ги своите молитви придружувани со многу солзи, постел строго и со крајна смиреност се поклонувал пред секого од нив. И кога, во текот на две седмици бил потполно предаден на телесна и духовна скрушеност, и потоа во рано саботно или неделно утро отишол во црквата, не затоа за да прими света причест, туку за да се спушти со крајна смиреност во најдлабоко покајание и со смиреност да ги моли сите да му простат. Тогаш Бог, Кој е сведок кој знае сѐ што е скриено, не поднесувајќи и понатаму да се скрушува и да биде понижуван и навредуван, го натерал самиот ѓавол да објави кој е изнаоѓачот на злото, оној што станал нечесен крадец на својата сопствена работа, кој сакал со тоа да му ја одземе славата на другиот со лукавство и го направил тоа без да има сведоци. Потоа тој нечист дух силно и долго го измачувал тој нечесен брат, така што не можеле да му помогнат молитвите на своите браќа, кои живееле таму, и имале божествен дар за изгонување на бесови. И особената благодат на свештеникот Исидор не го изгонила тој нечист дух, иако имал од Господа таква сила, така што бесните луѓе, кога ги воделе кон него – излегувале од бесомачните пред да бидат доведувани до неговата врата и бивале исцелувани. Ова се случило така, зашто Господ Исус Христос сакал да ја зголеми уште повеќе славата на Пафнутиј, та оној што го навредил – да биде излекуван по неговите молитви, од оној против кого кроел лоши планови, - та да му биде простен овој голем грев и да биде ослободен од оваа вистинска казна, извикувајќи го името на оној, чија слава се надевал да ја затемни поради својата небратска и непријателска омраза ( Разг. 18 и 19.


186.  Две причини ме побудија да го раскажам и овој пример: првата е, да помислуваме за непоколебливата сила на овој човек, на неговата трпеливост, за да можеме да знаеме и да бидеме убедени, дека и ние ќе се избавиме и од најголемие искушенија и ѓаволски напади; на тоа да се надеваме на силата на нашиот внатрешен човек и на Божјата благодатна помош, а не на нешто што е надвор од нас. Зашто, ако Господ, Кој рекол во Своето Свето Евангелие: „Царството Божјо е во вас внатре“ (Лука 17, 21), не го укрепи нашиот дух со Својата закрила, тогаш попусто ќе се надеваме дека ќе можеме да се спасиме од нападите на ѓаволот и да го победиме со силата на жителите на земјата, или дека ќе можеме да се спасиме со тоа што просторно ќе се оддалечиме од него, со тоа што ќе живееме во пустинска ќелија, што ќе се затвориме во неа. Зашто сето тоа го имал свети Пафнутиј, а сепак демонот нашол како да му се приближи. Тој негов непријател не го одбиле не ѕидовите, ни вратата на покривот на ќелијата, ни неговата отшелничка осаменост, ниту молитвите и застапувањето на големиот број светии, кои живееле во таа монашка заедница. Но овој Божји слуга не се надевал на ништо што било надвор од неговото срце, туку на Самиот Судија, Кој ги знае сите тајни на нашата душа, затоа и сите демонски напади не можеле да го поколебаат. Исто така, ни оној, кого што зависта го фрлила во таков страшен гнев, ни тој не можел да се ползува со благодетите на пустинскиот монашки живот, ниту тоа што живеел заедно со многу свети луѓе, како што бил блажениот Исидор. И сепак, кога го снашла ѓаволската бура, тој бил како куќа изградена на подвижен песок која сосема се разурнала. Да престанеме да ја бараме основата за својата внатрешна сигурност и да очекуваме дека на нашата нетрпеливост може да ѝ помогне туѓата трпеливост. Зашто „царството Божјо е внатре во нас“, тогаш треба да знаеме, дека „непријателите на човека ќе бидат неговите домашни“ (Матеј 10, 36). Никој мене не ми се противставува повеќе од моите чувства, а тоа се моите внатрешни домашни. Да бидеме внимателни, пред сѐ, кон нашите домашни и да се пазиме од нивното напаѓање. Зашто кога тие не нѐ напаѓаат, тогаш и царството Божјо останува во нас во необеспокоен душевен мир. Ако внимателно ги бараме и ги пронајдеме причините на сѐ што станува во нас, ќе видиме дека не можеме да бидеме повредени од никого, ни од најлошиот човек, ако тој самиот се бори против она што е лошо во неговото срце. Затоа, ако бидам повредуван, ако претрпувам рани, причината не е надворешна – во нападите однадвор, туку внатре во мене – во мојата нетрпеливост. Таквата тврда храна за здравиот е корисна, а за болниот е штетна. Таа не може да биде штетна за здравиот; таа може да ни штети само тогаш – ако нашата болест и немоќ ѝ даде можност да ни нанесе штета.

 

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

1-ви април 2018 лето Господово

Друго:

  • Поуки од Светите Отци

preminportal.com

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная