Сеирџизам
Продолжувам таму каде што застанав минатиот пат: го поставив прашањето дали може и интелигенцијата да биде разочарана од својот народ, а не само и постојано (како што е состојбата на социјалните мрежи) народот од неа. И ако вистинската интелигенција има постојана обврска да го кажува своето мислење и со тоа да го води својот народ, нема ли и народот барем една обврска – во време кога секој има компјутер (ама ретко кој чита книга), да биде просветен и заинтересиран барем за државотворните моменти од сопствената историја, кога со гласање треба да си ја реши својата судбина?