Односот помеѓу сопружниците детето го чувствува уште во утробата на мајката (30.09.2015)
Злото, омразата како и добрината, нежноста и љубовта доаѓаат од родителите. Какви ќе бидат децата зависи од родителите коишто живеејќи заедно, се љубат еден со друг, или обратно, постојано се препираат. Односот помеѓу сопружниците детето го чувствува уште во утробата на мајката и го впива во себе. Погрешно е да се мисли дека детето седејќи на подот со своите играчки не разбира дека во моментот неговите родители се расправаат.