О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК
Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста, најнапред треба да го уништиме нејзиниот внатрешен причинител, а тоа е гревот. Господ Исус Христос како Бог ја знаел причината за болеста на фатениот, па затоа најнапред ја излекувал неговата душа, опростувајќи му ги гревовите.