Митрополит Атанасиј Лимасолски: Човекот е љубов по благодат – V дел
Ако си направил грешка, сега имаш можност да ја претвориш во златна прилика. И таа можност постои во секој миг. Дури и нашите гревови и нашите страшни падови, кои за жал ги имаме, ако ги исползуваме, стануваат големи благодејанија. Ако пристапиме кон раната со смирение и покајание, тогаш таа навистина се исцелува. Станува извор на смирение и покајание, на голема скрушеност и благодат кај човекот. Не зборувам за самиот грев, туку за правилниот однос кон искушението.