Мерсине Вигипулу: Ветрот на Јас – градот
Денес бешe многу радосен ден за семејството на Ведрана. Сестрата на нејзината мајка денес, по дванаесет години брак, родила девојче. Тоа беше и причината поради која госпоѓата Добра утрината така брзо замина од домот. Господинот Трпелив се врати порано, па заедно со децата испече убав колач за да го прослават ова убаво случување. Сите беа весели и никој не ја спомнуваше утринската лутина на Пркос.