Св. Теофан Затворник : Биди храбар во Господа
Требало само да ја запази надежта, гледајќи Го Господа Кој бил близу. Но, апостолот се впуштил во човечки мудрувања: „Ветрот е силен, брановите високи, а водата не е цврста“. Тоа ја поколебало верата и ја ослабело силата на надежта. Поради тоа тој се разделил од раката Господова и, бивајќи препуштен на дејството на природните закони, започнал да тоне.