Божествена Литургија во храмот на св.Јован Крстител, н.Капиштец,Скопје (14.07.2019)
Ние не можеме ништо друго освен да се присилиме себеси, освен постојано да се присилуваме. Над сe, би требало да се трудиме во молитвата и непрестајно да изговараме: “Господи Исусе Христе, помилуј ме!“ Треба да ја кажуваме молитвата веднаш откога ќе се разбудиме изутрина. Потоа треба своите работи да ги вршиме со името Исусово на усните. Ако вака ја кажуваме молитвата, ќе ги одбегнеме празнословието, многузборливоста, осудувањето, гневот и роптањето и притоа секој од нас ќе тихува внатре во себе.