Станувајќи од сон, секој христијанин нека застане пред светите икони и да ги прочита следните молитви. 1. Молитвата Господова („Оче наш") - трипати.Оче наш, Кој си на Небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на Небесата, така и на земјата. Лебот наш..
Акатисти на Пресвета Богородица: 1. Ахтерска
|
Акатисти на Господ:
1. Ангел Пазител |
Акатисти на светители:
1. Св. Адам и Ева |
Во Страсниот понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа. Вторник е посветен на темата за Мудрите девојки кои, за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање. Во среда нашето внимание е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство на Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другиот пак, за пари го предава со бакнеж.
Симптоматичен елемент е и самиот празничен поздрав. Според новиот тренд на сите либерални, т.е. лаицизирани општества, поздравот Merry Christmass, кој рака на срце и самиот е ни-вода-ни-киселина, во превод: Радосен Божиќ, Пријатен Божиќ..., веќе не е во употреба. За да не се навредат оние што не го празнуваат раѓањето Христово.
По милоста Божја, денес многумина (макар што нивниот број во последно време се проретчил) се обраќаат кон Христос, а покајанието и исправањето на животот станува насушна потреба на луѓето. Но, во денешно време на човек кој одлучил да живее нов христијански живот му е тешко, мошне тешко.
Одеднаш, на патот, го сретнале првото митарство, кое се нарекува митарство на празнословие и пцовки. Мачителите барале да се даде одговор за се што преподобна Теодора некогаш лошо зборувала, ја обвинувале за непристојно смеење, потсмев, грди песни. Сето тоа светата го заборавила зашто поминале многу години откако почнала да живее богоугоден живот. Но, ангелите ја заштитиле.
Не денес. Уште има време. Но време има толку малку! Уште малку - и стрелката ќе дојде до судбинската цртка. Зошто да одложуваме?
Бидејќи ете тука, близу, стои Некој: “Стојам пред вратата и чукам”. И ако не се плашиме да погледнеме во Него, ние би виделе таква светлина, таква ...
Секое време е погодно да се постави темел на спасителниот начин на живот. Укажувајќи на тоа, великиот Павле рече: “...дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме.... да ги отфрлиме пак сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
Дојди, Светлост Вистинска!
Дојди, Животе Вечен!Дојди, Таинство Скриено!
Дојди, ризнице Неименувана!
Дојди, Стварност Неизразена!
Дојди ,личност Недопирлива!
Дојди, Веселбо Вечна!
„Да се облечеш во името Христово а да не одиш по патот Хирстов – нели е тоа предавство на името Христово? (Св. Кипријан Картагенски).
Внатрешната темнина е болест на Црквата. „Црквата е тело Христово. Тоа тело е изложено на пострашни болести и зарази одошто нашето тело, брзо се повредува и бавно заздравува –
Одговара: протојереј Томе Велјанов
Што е крстот? Навидум премногу философско прашање. Прашање кое е далечно на суровото секојдневие и борбата за опстанок на секој план. Ќе повторам: навидум. Причината за тоа не лежи само во фактот дека текствов не е инспириран од некојси јубилеј од градењето или осветувањето на крстот на Водно или на некој од стотиците негови репликанти ширум нашата мила и многустрадална татковина.
"... Денес Христос во Јордан ја потопува човечката нечистотија и го измива од нас прадедовскиот грев; денес се осветува природата на водата со крштението на Господа; денес Светиот Дух слезе од небесата во вид на гулаб, и на Јован Претеча му покажа да Го познае Создателот на секоја твар и Господ; денес Бог Отец невидливо говори: 'Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го'.
Немаме бургерски бек-граунд како британците, а се обидуваме да бидеме поцинични од нив. Далеку помалку сме работливи од јапонците, но во сарказмот ги шишнавме уште за време турско. Како културен ентитет сме метузалеми, а сî уште славиме Нова година пред Божиќ.
Кога го прашале еден монах иконописец, како настанува една икона, тој одговорил:„Со помош на благодатта Божја и раката на грешникот.“