Гордана Попсимонова - КОГА НЕ МОЖЕШ ДА ГИ ПОБЕДИШ
Признавам дека во дадениот момент мојата влашка четвртинка ги победи сите други дропки и дека ја земав паричката. И постојав некое време да сфатам што се случува, а прозорот повторно се отвори - Ај, доста ти е! Неам ситно! Гитла!
Си отцупкав итро накај дома, ја затворив вратата зад себе и благословив што не ми свети сијалицата во ходникот. Онаа, пред огледалото. Си легнав назад до Менка и си реков - Маци, и на ова ќе навикнеме.