Преподобен Давид Солунски
Преподобниот Давид потекнуваше од северна Месопотамија, која беше голем монашки центар, и се роди околу 450 година по Христа. Од непознати причини дојде во Солун заедно со монахот Адолас. Според нивниот биограф, преподобниот дојде најпрво во манастирот на Светите мачениви Теодор и Меркуриј, наречен Кукулиат, чија што локација се определува „на крајниот дел од градот во близина на ѕидините“. Прекарот „Кукулиат“ или „Кукулат“ доаѓа од таму,