Протоереј Владимир Дојчев: Треба да го сакаме Христа
Темата за смртта е баш на вистинското место за време на постот. За неа треба да се говори. Да се гледа со широко отворени очи. Да се бара исход од неа. И луѓето да копнеат за вечноста. На крајот на постот ќе се произнесат и зборовите на апостолот: „Смрт, каде ти е осилото? Пеколу, каде ти е победата (1. Коринт 15,55)?“ и двата најважни зборови за целото човештво: „Христос воскресна“! Некои, дури и сакаат да ја откажат објавата на таа вест, затоа што мислат оти ќе се заразат доколку ја слушнат.