Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
Архимандрит Партениј Бигорски: Благодарноста – пат кон милосрдието
Да се трудиме, мили мои, да бидеме благодарни и милосрдни, та и ние да најдеме милост пред Господа. А за благодарност има безброј причини, нема човек кој нема за што да благодари. Особено, пак, ние, кои Бог нѐ привел кон Својата вистина. Дури и најбедниот меѓу нас. Во Светото Писмо читаме за праведниот Јов, од земјата Уз, кој бил најбогатиот човек во тоа време, со многу слуги, добиток, имот, големи богатства.