Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (03.05.2019)
На 3ти мај 2019 година, во оваа Светла Седмица,на празникот на Источен Петок- Балаклија, старешината на храмот отец Трајче Петковски во сослужение на ереј Игор Димитриевски и ѓаконотите Методиј Митановски и Михаил Манојлов, отслужи Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургија отецот произнесе празнична беседа за празникот на Пресвета Богородица.По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица.