Арх. Андреј Конанос: Гледај ги душите на луѓето, а не како се облечени
Да не бараме караници. Односно, не треба да бараме повод за расправии и судир со луѓето. Зарем немаат и тие болка во својот живот, немаат ли деца коишто се мачат со уроците, немаат ли некој болен во семејството? Ете ќе најдам допирни точки. Ќе зборувам за Бога без тие да сфатат дека зборувам за Бога. Нема да им зборувам како на проповед, туку така што да се потрудам да го разберам.