Испосничка пештера на светиот Прохор Пчињски
Според легендата свети Прохор Пчињски се подвижувал во оваа мала пештера. Тој на византискиот војсководец Роман IV Диоген му претскажал дека ќе стане византиски цар.Роман IV Диоген набргу станал византиски цар (1068-1071), и во знак на благодарност кон видовитиот пустиножител, ја подигнал прекрасна трокорабна базилика во непосредна близина на неговата испосница, првата фаза од денешната црква на св.вмч.Ѓорѓиј.