Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Носењето на нашиот крст...“
Носењето на нашиот крст не нѐ спасува, туку Крстот Христов и милоста Божја. Но, со носењето на нашиот крст пројавуваме мал и безначаен акт на љубов од наша страна кон Бог – дека сме подготвени да љубиме, да страдаме и дека сме ја разбрале тајната на Крстот Христов. Сѐ друго Бог ќе заврши. Ние сме немоќни; всушност, тоа и значи носењето на крстот – човек да ја признае, да ја прифати и да ја разбере својата немоќ.