Сепразничен молитвен собир за „најголемиот меѓу родените од жена“
Среде громогласните молитвени восклици „Господи, помилуј!“ на растрепереното огромно мноштво верници и на нашите драги гости – византискиот хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола, што во еден ист дух на умиление и радост, будно го следеа свечениот и свештен чин, Мојсеј, Митрофан, Филарет и Ефрем, стоеја лице во лице со својот Господ и со таинствен шепот на своите срца ги полагаа пред Него вековните завештанија на монашка пожртвуваност, верност и посветеност.