Архимандрит Андреј Конанос: Животот со Бога е рај (втор дел)
Тие не само што Го возљубиле, туку и воделе борба за Него, односно дела, не теории. А делото знаеш ли што е? Не само да воскликнуваме: „Ах, колку е убаво да се молиме!“ Така само желби и копнежи… Старецот Јосиф се молел осум часа секоја вечер, осум часа го кажувал името Христово. И Старец Ефрем, во почетокот започнал со шест часа, постепено ги зголемувал и кажувал осум часа постојано – Господи, Исусе Христе, помилуј ме!