Даровите на задоцнетиот мудрец
Во деновите на цар Ирод, кога во скромна пештера близу Витлеем се роди Спасителот на светот Христос, во источните земји на небото заблеска сјајна и голема, до тогаш невидена ѕвезда. Ѕвездата сјаеше со блескава светлина и полека, но постојано, се движеше во еден правец, таму каде што се наоѓаше Еврејската земја. Ѕвездарите, како што тогаш ги нарекуваа мудреците, веднаш го забележаа новото светило.