Николај Берѓаев: СТАРИОТ И НОВИОТ ЗАВЕТ ВО СВЕСТА НА ЛАВ ТОЛСТОЈ
Религијата на Толстој знае само за Отецот, и не може да знае за Синот. Не можеме да го сметаме за хрстијанин оној на кого му е туѓа и одвратна самата идеја за искупувањето, самата потреба од Спасител, т.е., оној на кого му е одвратна идејата за Христос. Таква омраза спрема идејата за искупувањето, такво нејзино жигосување како неморална, христијанскиот свет не познавал до појавата на Толстој.