Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син
Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба на лишеност и воедно потреба од најнеопходната храна. Но, постои и глад што е полоша и потрагична од оваа, а таа е - кога човекот лишен од она што е неопходно за неговото спасение, не се ужаснува од таквата несреќа и не чувствува дури ни потреба за спасение. Гладниот човек бара насекаде, заоѓа и обиколува како би нашол малку леб;