Отец Гервасиј Агиорит: Поуки за негувањето нечистотија и за себеиспитувањето
Повеќе сакате да живеете во агонија и самосожалување, отколку да ја отфрлите смрдеата од вашиот карактер и живот и да го живеете животот заради кој сте родени. Животот кој Бог го замислил кога ве создал.
Апостолот вели да се испитуваме себеси дали сме во благодат. Ако се видиш себеси дека не си во благодат - бегај! Само луд или помрачен човек може рамнодушно да останува во состојба која го одвојува од Бог.