Свети Пајсиј Светогорец: „Срцето му се издигнува како птица!“
На Света Гора, недалеку од мојата калива, живее еден кипарски монах - старец Јосиф, по потекло од Карпасија. Старецот има 106 години и се грижи за себе. Дали е ова нешто што го гледате во светот денес? Некои сегашни пензионери не можат ни да одат, нозете им слабеат, самите се дебелеат од седење и стануваат бескорисни. И кога би биле зафатени со нешто, од тоа би добиле голема корист.