Божествена Литургија по повод 100-годишниот јубилеј на црквата „Света Петка“ во Црниче, Скопје (29.09.2024)
Денес, Митрополит Струмички г. Наум присуствуваше на одбележувањето на 100-годишниот јубилеј на црквата „Света Петка“ во Црниче, Скопје. Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан чиноначалствуваше на Божествената Литургија во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.