НЕШТАТА КОИ ШТО ОСТАНАА НЕПИШАНИ - архим. Павел Пападопулос
Прашањето не е за тоа што го пишуваме, туку главно за тоа што не го пишуваме затоа што се плашиме. Се плашиме дека ќе го прочитаат и разберат, дека ќе не изобличат, дека погрешно ќе не разберат, дека нема да ја видат длабочината на нашата болка, на нашата мисла, на нашето срце. Затоа претпочитаме да напишеме нешто полесно, поедноставно и подостапно, нешто плитко и банално.