Преподобен Исак Сириски: Каде е твојата правда, кога немаш љубов?!
Зошто го мразиме оној кому ѓаволот му се потсмева како и нам? Зошто, човеку, го мразиш грешникот? Бидејќи не е праведен како тебе? Каде е твојата правда, кога немаш љубов?! Зошто не заплачеш заради него, туку го гониш? Некои, кои за себе мислат дека здраво судат за делата на грешниците, се гневат заради тоа на нив, а така постапуваат од незнаење.