Свети Порфириј Кавсокаливит: "Бог има ставено сила во душата на човекот"
Од него зависи како ќе ја насочи, дали за добро или за зло. Ако доброто го споредиме со цветна градина полна со цвеќиња, дрвја и растенија, злото го споредиме со трње, а силата со вода, тогаш може да се случи следново: кога водата ќе ја насочиме кон цветната градина, тогаш сите растенија се развиваат, зеленеат, цветаат, оживуваат.