Свети Гаврил Епископ Велички: Молитвата е прва и најважна работа
Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее. Почиста, побезгрешна и посвета работа од молитвата нема. Кратките одмори од молитвата (треба да) претставуваат богомислие, созерцание, испитување на Божјата волја и преиспитување на својата совест. Монахот за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ништо.