Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)
Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување лажни чувства. Оттука произлегуваат и гревовите направени со збор, како и со дела.
Двете состојби на прелест заемно се поврзани и се надополнуваат – се потхрануваат едната со другата. Прелеста на умот предизвикува лажни чувства, а прелеста на срцето – лажни заклучоци и помисли на умот. Прелеста може да го направи бесплоден нашиот подвиг за многу години.