Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина, сред светот, на епископскиот престол, на проповедниковата катедра. Тој бил низ својот живот и маченик, но не до крв.
Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани. За време на едно гонење на христијаните се засолнија надвор од градот и живееја во пост и во молитва, храбрејќи ги правоверните коишто ним им притекнуваа за совет. Но ги фатија и ги изведоа пред судијата.
Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај него добро е презрено, додека она што е неблагородно и р`ѓаво злорадосно преовладува. Зарем оваа болест која ве затекнала не е ли многу полоша од оние на фатените (раслабени, парализирани)
Црквата Христова не ги заборави духовните подвизи на свети Јован Златоуст. Речиси секој ден во храмовите се изведува Литургијата, составена од него; го слушаме неговото слово во Велигденската ноќ - повик да се влезе во радоста на Христовото Воскресение. Повеќе од илјада негови пастирски учења и писма, толкување на Светото Писмо, неговиот
Гoрдoста e ширoк прoзoрeц прeку кoј брзo сe вeтрeат нашитe заслуги и ситe дoбри дeла. Прeд луѓeтo ништo нe нè прави тoлку празни, ниту прeд Бoга така нeдoстoјни какo гoрдoста. Кoга Гoспoд нe e гoрд, зoштo ниe да бидeмe? Кoј има пoгoлeми права oд Гoспoда да бидe гoрд, Кoј гo сoздал свeтoт и Кoј сo Свoјата сила гo oдржува? И глeдај, Oн сe пoнижи какo слуга, какo слуга на цeлиoт свeт; дo смртта, смртта на крстoт!
"Активниот егоист навредува, пасивниот – се навредува. Навредите на активните и навредливоста на пасивните егоисти многу го збркуваат животот.
Исходот од овие состојби е само еден – кон духовна слобода: да не навредуваме никого и да не се навредуваме од никој."
Таа изјави дека се работи за ново истражување за кое се труделе да најдат соодветен корпус на говорители за кои сметале дека зборуваат, изговараат правилно македонски, спикери од радио и од телевизија (МРТ), како и нивни колеги лингвисти кои снимале одделни секвенции потребни за истражувањето.
Господ му дал такви услови на човекот за односот кон ближниот, кои не претставуваат ништо тешко за исполнување. Тој вели: “Како што сакате да постапуваат со вас луѓето, така и вие постапувајте со нив” (Мат.7: 12). Гледаш ли дека Тој не пропишал ништо туѓо, туку речиси истото што го барал претходно и
Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата, силен чудотворец. По сопственото искуство тој дозна дека сета негова мудрост и сила е од Бога и одтаму треба во себе да го има стравот Божји. Никаков
Водачи на небесните војски, ние недостојните ве молиме секогаш, со вашите молитви да нѐ заштитите под покривот на крилјата на вашата бестелесна слава, чувајќи нѐ нас што усрдно паѓаме и воскликнуваме: од беди избавете нѐ, како чиноначалници на небесните сили!
Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет.
-Дојди тука, Василиј! Не плаши се, ќе оздравиш. Јас ќе ја водам раката на лекарот и операцијата ќе биде успешна.
Момчето отишло кај младиот човек кој го повикал, паднало на колена, ги гушнал неговите нозе и ја наведнал повредената глава кон неговата лева нога. Младиот човек ја испружил раката и нежно го помилувал момчето.
И му посочил една чудесна случка од неговиот живот која никој не можел да ја објасни. Имено, и старец Филарет во младоста бил гостоприменик. Еден ден, се наоѓал во трпезаријата, и сите врати биле заклучени. Тој ја подготвувал трпезата, кога наеднаш, видел еден младич како влегува и му вели: „Благослови! Многу сум гладен!“
"Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме на оваа тема зборуваме за сопствената совест. Ако не сакаш да те озборуваат – не озборувај, ако сакаш да те сакаат – сакај и ти и повеќе од тоа, без да бараш нешто за возврат.