ПРАВОСЛАВНИ КНИГИ ОД ЕПАХРИИ И МАНАСТИРИ на МПЦ - ОА (27.02.2016)
СО СЕКОЕ КУПЕНО ИЗДАНИЕ. СЛЕДУВА ПОДАРОК ПО ИЗБОР:
- Двд/Цд со Православни Поучни Филмови
- Двд/Цд со Православни Поучни Цртани Филмови
СО СЕКОЕ КУПЕНО ИЗДАНИЕ. СЛЕДУВА ПОДАРОК ПО ИЗБОР:
- Двд/Цд со Православни Поучни Филмови
- Двд/Цд со Православни Поучни Цртани Филмови
На 27.02.2016 година, на празникот Упокоение на св. Кирил Солунски, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската епархија освети и постави камен - темелник за издигнување крст во Општина Бутел. Инвестититор на проектот е Светскиот Македонски Конгрес.
Бог на народите секогаш им испраќа Свои избрани садови, кои ќе ги водат кон спасението, односно кон Бога. Така и на нашиот народ - македонски, а воедно и на другите словенски народи им подарува духовни водачи во лицата на светите браќа Кирил и Методиј. Нивниот успех меѓу Словените е огромен најнапред на духовно-црковен план...
Мелкитскиот епископ на најголемиот град на Сирија, во своето интервју за организацијата „Помош на Црквата во неволја“, изјави дека сириските христијани се цврсто решени да останат во опустошената од војна земја.
Прославувањето на Богучарскиот архиепископ Серафим ги просветли сите со благодатна сила и единствено православно сведоштво, возглавено од Светејшиот Патријарх Бугарски Неофит, во сослужение со архиереите претставници на Руската Православна Црква, свештениците, свештеномонасите и ѓаконите, како и од соборната молитва на сите присутни во храмот.
По седницата на Светиот Синод на Грузиската Апостолска Православна Црква што се одржа на 16 февруари 2016 година,Неговата Сесветост Илија II, Патријарх и Католикос на Тбилиси и цела Грузија, објави дека Синодот го отфрли документот насловен како „Односите на Православната Црква со...
Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја.
Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.
Во критична состојба, кога човекот е лишен од книги или од каква било надворешна потпора, може да се потпре на својот внатрешен „багаж“. Познавањето на законите и догмите не спасуваат. Треба да се стекне Христос во своето срце. И кога човекот ќе успее во тоа, тогаш православниот човек во затворот има цела програма на живот.
По повод денот на независноста на Естонија македонскиот калиграф и директор на Скрипториумот на Летонската христијанска академија Георги Гоце Дуртаноски оствари прием кај поглаварот на Естонската православна црква - Московска патријаршија, митрополитот Талински и на цела Естонија, Неговото Високопреосвештенство г. Корнелиј и побара благослов за неговата работа во оваа северна балтичка земја .
Добро е, колку што можеш да ги одбегнуваш тие собирања, како и љубопитноста, бидејќи така ќе собираш талог од помисли, а потоа многу ќе се замориш за да ги изгониш. Секогаш да носиме добри мисли и да не примаме лукави телеграми, ако сакаме да се очисти нашето срце и лукавите механизми на нашата фабрика (срцето) да се претворат во добри механизми.
Немаме време да прочитаме книга, да размислиме за нешто свое, не ни останува време дури ни за тоа да бидеме малку со децата и со својата сопатничка на крстосниците на овој живот.
Дека времето навистина се забрзало кажуваат научниците, но и атонските подвижници на нашите денови.
-Тој живееше така разумно, и иако рано си замина, сепак сите разбаа, дека тој човек ја достигнал својата цел и многу се приближил до Бога.
Затоа, браќа, прашањето не во тоа, колку години ќе живееме, туку како ќе живееме. Знаеш ли ти, зошто живееш, знаеш ли, што правиш сите овие...
Достапен е за преземање првиот инфографик од серијата материјали поврзани со Великиот пост: Подготвителни недели пред Великиот пост. Инфографикот е наменет пред сè за оние кои за прв пат ќе го прифатат подвигот на постот во Четириесетницата, но и како потсетник за останатите.
Како, всушност, може да се искористи лекот против болеста, ако не ѝ се знаат својствата? Всушност, често не се ни знае дали е некој болен или не е. Но, и кога болеста ќе се открие, дури тогаш на лекарот му претстојат тешкотии. Зашто, тој не може да ги лекува сите луѓе со власта со која овчарот ја лекува својата овца.
На 21. 02. 2016 година, Недела на митарот и фарисејот, Св. пр. Захариј, св. вмч. Теодор Стратилат, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во храмот „Св. пр. Илија“ во с. Блатец - виничко, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, одража содражајна беседа...
Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници...
На 24 февруари 2016 година, кога Црквата го слави споменот на свети Ѓорѓи Кратовски, во храмот на свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Во Неделата на Митарот и Фарисејот, кога Светата православна црква ги чествува и Светиот пророк Захариј и Светиот маченик Теодор Стратилат, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици на епархијата, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Св. Вознесение Христово“ во Гевгелија.
"Голема предност е кога човекот се препушта во Божји раце! Луѓето си поставуваат цели и се трудат да постигнат успех, а не им паѓа на ум да се запрашаат каква е Божјата волја, ниту пак, сакаат да ѝ се прилагодат. Треба со надеж да Му се препуштиме на Бога, за Тој правилно да нѐ насочи, па сами да правиме сѐ што е потребно и тоа со голема посветеност.