12/07/2016 Поуки - совети
Многу е напишано за блаженопочинатиот старец Пајсиј, кој со своите просветлени поуки утешил, советувал и дал спокојство на толку многу души, како што кажуваат и многу негови духовни чеда.
Основната старечка особина била едноставноста во беседите и едноставниот спонтан хумор, кој секогаш, колку и да изгледало смешно, неговото зборување имало длабока смисла, а човекот можел да сфати дури после зрело размислување.
Самиот тој за своите „шеги“ вели: „Кога нешто зборувам… што и да кажам, дури и некој смешен пример, не го кажувам туку-така. Со тоа сакам нешто да нагласам, да подвлечам.“ Од соговорниците барал да допрат до длабоката смисла на она што изгледало како шега: „Фаќајте подлабока смисла. Никогаш не кажувам нешто некорисно.“
Слушателите на старецот биле луѓе од најразлично потекло: прости луѓе и службеници – монаси, политичари, студенти, професори… На секој од нив имал нешто да им каже, а кога некои се жалеле дека на исто прашање понекогаш давал различни одговори, одговарал: „Ама, душо крстена, на секој му го давам витаминот кој му недостасува“.
Шеговитите старечки поуки толку многу се разновидни така што човек доаѓа до недоумица дали воопшто постои нешто што не искоментирал. Некои од неговите духовити забелешки во себе кријат единствен педагошки пристап и длабоко се врежале во срцата и мислите на неговите соговорници. Изнесувал забелешки од областа на телекомуникацијата: „за’рѓани проводници“, од воздухопловството: „аеродроми за призејмување“, од вселената: „астронаути – рајски космонавти“, од областа на медицината: „отечки витамини“, од електротехниката: „приклучок (како извор на енергија) на благодатта Божја“ итн.
Старчевата способност за создавање на нови зборови остава длабок впечаток кога се „игра“ со зборовите: „Богословија (теологија) – мозгологија“, „тихувалница – викотница“, „нетварно – датварно (тварнољубно)“, „закоравеност на срцето – омозоглавеност на срцето“ итн.
Големо значење има и неговата гостопримница под ведро небо во Панагуда, во кои се наоѓале „свечените фотелји“ (дрвени цепеници) каде што внимателно го слушале старецот како говори за некоја тема и неочекувано ги засмејувал слушателите со некоја негова досетка за која ненамерно тие би се сетиле и на познатите зборови од Старечникот за ловецот и Антониј Велики.
Ловецот го здогледува Антониј Велики како си „игра“ со учениците и зачуден застанува. Антониј Велики ја разбира причината за молчењето на ловџијата, и му вели:
„Затегни го ловецу својот лак“ – ловецот го послушува и го затегнува лакот.
„Затегни го уште“ – тој го затегнува уште повеќе.
„Уште малку“ – инсистирал свети Антониј.
„Не може повеќе, авва. Уште малку и ќе пукне“.
„И со подвижниците е исто така“ – објаснува мудриот отец. „Ако правиме насилство на себе, и ја преминеме границата на душевната и телесната издржливост, ние буквално ќе се сотреме. Затоа треба бидеме малку попустливи кон себеси.“
Во наше време било каде да застанеме слушаме толку многу небитни шеги без духовна содржина. Еден искусен толкувач за старец Пајсиј изјавил: „Никогаш својата подвижничка поука не ја оставил сува. Таа напојува и ќе напојува освежувајќи неброени битија во оваа пуста и безводна земја на нашата сува епоха.“
Според тоа, старецот и најшеговитата сторија ја користел за „воспоставувување на комуникација со небесата. Кога некој сето тоа духовно би го применил, знаете ли каква духовна корист би добил и какво духовно искуство би стекнал?“
Секогаш да го имаме неговиот благослов.
Сотириј Лисикатос
Солун, 2003
Старец Пајсиј Светогорец
Извор: http://www.pppe.mk/2016/%d0%b7%d0%b0-%d1%88%d0%b5%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%be%d1%83%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b5%d1%86-%d0%bf%d0%b0%d1%98%d1%81%d0%b8%d1%98