Поклонение на чудотворен појас на Пресвета Богородица (20.10.2015)
Светиот и чудотворен појас на Пресвета Богородица што се чува во светогорскиот манастир Ватопед, на 24 октомври (сабота) и 25 октомври (недела) ќе пребива во црквата на Успението на Пресвета Богородица во градот Халкида на островот Евија. Се смета дека ова е ретка и благословена прилика за сите оние кои не можат да појдат на Света Гора да се поклонат пред чудотворниот појас.