Митрополит Николај Месогејски: Како да влеземе во Божјата логика – I дел
Мојот ум почна да се измачува и со денови да пребива во одредени аспекти од овој проблем. „Да бев јас Бог“, си велев во себе, „ќе го создадев светот според Светото Писмо!“ А во Светото Писмо се вели дека Он го создаде светот и „беше добро“, не „совршено“. Да зависеше од мене, ќе оставев светот некое време да функционира како што треба. Но не беше така. Бог ги создаде ангелите, тие паднаа. Го создаде човекот, и човекот падна…