Архимандрит Андреј Конанос:Тешко ни е да се довериме на Бога – I дел
Не знам како се случува тоа, но повеќето од нас влегуваме срамежливо во Црквата и после само 2 месеци ни се чини дека сме го проголтале целото црковно знаење и почнуваме да мислиме дека сега ќе го спасиме светот! Сега ќе ги променам луѓето! Сега ќе го осудам злото, лошите луѓе ќе ги направам добри! Кој? Ти, кој што пред малку си влегол во Црквата, или ти, кој што навистина си влегол пред многу години, но сѐ уште не си ја вкусил лично татковската љубов?