ДУХОВНОСТ И ЕКОЛОГИЈА
Се повеќе гласови се подигаат за да се нагласи дека ако проблемите со животната околина бараат итни политички и економски мерки од државите, тогаш само со радикална промена на нашиот менталитет и начин на живот ќе бидеме во можност да најдеме трајно решение, бидејќи, во основа, еколошките проблеми имаат духовни причини. Тие зависат од начинот на кој ја восприемаме природата, од начинот на кој се однесуваме кон неа и затоа - од нашата духовна состојба.