Од житието на свети Никодим Светогорец

Тој живеел во време на неук, но и многу страдален народ. Под притисок на муслиманите многумина ја менувале својата вера, но мнозина од нив и пострадале мачинички за Христос, исто како во древните времиња. Многу од тие маченици пред своите страдања доаѓале на Света Гора за да се подготват за тој подвиг. Св. Никодим бил еден од оние кои ги охрабрувале, бидејќи животот на преподобниот минувал низ распнување на крстот на двојата љубов: кон Христос и кон своите браќа.







Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее.
“ Никогаш Крстот не е без Воскресение! Никогаш молитвата кон Бог не е без одговор ! Никогаш тагата по Бог не е без радост ! Никогаш плачот по Бог не е без утеха! Страдањето, молитвата , тагата и плачот по Бог се истовремено сведоштво на присуството на Божјата благодат во нас, сведоштво на нашата лична заедница со Него ! Што друго ни треба ? “
Вечен и Милосрден Боже и Многумилостив Оче наш, маките и тешките неволји што ме снашле, страшни ја измачуваат мојата душа. Но, Тебе така Ти било угодно, затоа јас се’ доброволно поднесувам. Сите мои телесни страдања и душевни маки ги трпан и поднесувам како отплата за моите гревови, а за мое спасение. Те молам, Милостив Боже, дај ми трпение и сила за да поднесувам се’ онака како што Тебе Ти е угодно и да се спасам. Амин!
Ова е дијагноза на т.н. мнение, или високо мислење за себе си кое се карактеризира со надменост, мислење за другите дека грешат, нарочно оние кои се со повисок степен во хиерархијата, со тоа што се држи ставот дека се има подобро решение за проблемите заради своевидното квази искуство кое се користи за аргумент за одржување на мнението.
„Никогаш не се двоумев јавно да ја исповедам својата вера“, изјави победничката на турнирот во Вимблдон, која секогаш Му благодари на Бога за своите постигнувања и го изобразува знакот на чесниот крст на тениското игралиште.




Свети Архангеле Гаврил, кој неизречена радост од Небесата на Пречистата Дева И донесе, исполни го со радост и веселба моето срце, ог гордост преогорчено. О, велики Архангеле Божји Гаврил, ти си И благовестил на Пречистата Дева Марија за зачнувањето на Божјиот Син. Извести ме и мене, грешниот, за денот на страшната смрт и помоли Го Господ Бог за мојата грешна душа, да ми ги прости Господ сите мои гревови и да не дозволи злото да ме задржи на страшните митарства.
Си направил многу гревови, мали и големи. Секоја вечер пред да појдеш на починка признај го тоа и немој да се чувствуваш безгрешен, немој да се чувствуваш дека си совршен, значаен, велик, страшен, неранлив и единствен.

Додека убиството на децата не биде прогласено за
Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со блудна помисла. Секој од нас знае низ каква агонија поминува во својата духовна борба за да се избори само со една и единствена помисла за таа да не се спушти во срцето. Да се подвизуваш значи да бидеш маченик. Многу е лесно да се предадеш на наслада, но само мачениците имаат удел во Царството Небесно.
























