Епископот Стобиски Јаков: Црквата секогаш во кризи била најсилна
– Нема ништо поопасно од тоа да не се љуби и да не бидеш љубен. Тука, секако, пред сѐ, мислам на оној љубовен однос помеѓу Бог и човекот, без кој нашето постоење нема никаква смисла. Светите отци велат дека љубовта го изгонува стравот и дека совршената љубов не знае за страв. Од друга страна, пак, стравот Божји во подвижничкиот живот означува почеток во восовршувањето во љубовта. Очигледно, за љубов, по сѐ што слушнав и прочитав деновиве, ние не можеме да зборуваме. Но тоа и не е толку страшно, бидејќи за љубов зборуваат совршените.